Свет 12. август 2019. / 10:11

(ВИДЕО) Трагедија во САД: Загинаа пет деца при пожар во ноќна градинка

(ВИДЕО) Трагедија во САД: Загинаа пет деца при пожар во ноќна градинка

Во градот Ери, во Пенсилванија, пет деца го загубиле животот во пожар кој избувнал во центар за престој на деца.

Медиумите повикувјќи се на полицијата, пренесуваат дека пожарот избувнал ноќта во 01:12 часот, противпожарните екипи веднаш пристигнале на местото на настанот но, објектот бил целосно зафатен од огнот.

Во немилиот настан пет деца на возраст од 8 месеци до 7 години го загубиле животот, додека сопственичката и наставничка на центарот за престој на деца, Елејн Харис била спасена, исто така и две деца на возраст од 12 и 17 години успеале да излезат од објектот и да се спасат.

Причините за пожарот се истражуваат.