Свет 26. јануари 2019. / 19:32

(ВИДЕО) Торнадо крши авиони и пустоши низ Анталија, има и загинати

(ВИДЕО) Торнадо крши авиони и пустоши низ Анталија, има и загинати

Големо торнадо пустоши по турскиот град Анталија кое крши авиони, дрвја и расфрла сѐ што ќе му се најде на патот. Претходно неделава загинаа едно 13-годишно дете и уште едно лице, а повредени се најмалку 12 луѓе. Едно лице се води како исчезнато.

Торнадата во овој дел од Турција пустошат веќе со денови, а денес ситуацијата е особено тешка.

 

Во невремето се оштетени два авиони и еден полициски хеликоптер. Гувернерот на провинцијата Мунир Каралоглу изјави дека денес нема критични повреди, за разлика од последните неколку дена.

-Повредени се 11 лица, едно критично. Студентка исчезна во Куздереси“, изјави гувернерот Каралоглу пред два дена. Тој додаде дека девојката била со мајка си кога невремето го одвлекло автомобилот. „Мајката преживеа, но по 20-годишната девојка сѐ уште трагаме“.