Свет 08. мај 2020. / 21:45

(ВИДЕО) Тепачка на пратениците во Хонг Конг, Итната помош ги вадеше повредените

(ВИДЕО) Тепачка на пратениците во Хонг Конг, Итната помош ги вадеше повредените

Во парламентот на Хонг Конг избија инциденти и физичка пресметка поради што обезбедувањето исфрли од салата неколкумина законодавци, додека еден пратеник се здоби со повреди и беше изнесен со носилка на Итната помош.

До инцидентот дојде откако една прокинеска пратеничка се обиде да се прогласи за претседавач на состанокот на парламентарна комисија која расправаше за прекин на повеќемесечната собраниска блокада и контроверзниот предлог закон за воведување кривична одговорност за злоупотреба на кинеското државно знаме во Хонг Конг.

По бурната седница и вземните обвинувања, дојде до физички судир, по кој интервенираше собраниското обезбедување и почна да ги изнесува од салата продемократските пратеници.