Свет 23. јануари 2021. / 12:38

(ВИДЕО) Судир помеѓу демонстрантите и руските безбедносни сили, се бара ослободување на Навални

(ВИДЕО) Судир помеѓу демонстрантите и руските безбедносни сили, се бара ослободување на Навални

И покрај забраната од полицијата за одржување на протести, денеска неколку илјади граѓани излегоа на улиците низ повеќе од 70 градови во Русија.

Демонстрантите бараат ослободување на Алексеј Навални, кој се смета за еден од најжестоките критичари на претседателот Владимир Путин.

Опозиционерот Алексеј Навални, кој беше отруен со „Новичок“, а потоа и на лекување во Германија, се врати во Русија на 17-ти јануари каде веднаш беше уапсен од безбедносните сили.

На улиците иако не се забележува голема масовност, во неколку од градовите во кои се протестира сепак дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.

До сега, како што пренесува ДВ, уапсени се 350 демонстранти.

Протестите можете да ги проследите во живо на следното видео.