Свет 06. мај 2020. / 12:22

(ВИДЕО) Стравичен пожар во Емиратите – Во пламен еден од најголемите облакодери

(ВИДЕО) Стравичен пожар во Емиратите – Во пламен еден од најголемите облакодери

Еден од најголемите облакодери во Шарџа, Обединети Арапаски Емирати, бил целосно во пламен во текот на ноќта.

Пожарот избувнал на 10-от кат на 48.-катниот облакодер. Со огнената стихија се бореле десетици противпожарни екипи. Според првичните информации, лицата во облакодерот биле навремено евакуирани.

Причините за пожарот засега не се познати.

Според експертите, најверојатно вината лежи во користените материјали при изградбата, кои не одговарале на противпожарните стандарди.