Свет 04. февруари 2019. / 09:37

(ВИДЕО) Страшни снимки од уривањето на браната во Бразил: Луѓето немале шанси за спас

(ВИДЕО) Страшни снимки од уривањето на браната во Бразил: Луѓето немале шанси за спас

Бројот на загинати по пукањето на браната на југоистокот на Бразил се искачи на 121 лице, а 226 се уште се водат како исчезнати.

Претставник од противпожарната служба изјави дека некои од телата веројатно никогаш нема да бидат пронајдени. Исто така тој истакна дека акцијата за спасување ќе трае подолго од еден месец.

Од 26 јануари, односно ден по несреќата, спасувачите не пронајдоа ниту еден преживен. По пукањето на браната поплавено е подрачјето во близина на местото Вилија Фертеко што предизвика страв од ширење на токсичен отпад и можно загадување на животната средина.

За сега не е познато што придизвикало пукање на браната, а ова е моментот кога се случило: