Свет 19. јануари 2019. / 10:04

(ВИДЕО) Страшна несреќа- Експлодираше нафтовод во Мексико над 20 загинати

(ВИДЕО) Страшна несреќа- Експлодираше нафтовод во Мексико над 20 загинати

Најмалку 20 луѓе загинаа и 71 се ранети во експлозија на нафтовод во централната мексиканска држава Идалго.

Стотици луѓе се собрале до нафтоводот откако тој бил пробиен близу Тлауелилпан, на 85 километри северно од главниот град Мексико Сити за да наполнат нафта со кофи.

Државната нафтена компанија Пемекс соопшти дека нафтоводот бил незаконски оштетен.

Гувернерот на мексиканската држава Идалго, Омар Фајад изјави дека се пронајдени 21 тело и дека пожарот што избил по експлозијата се уште не е изгаснат.

-Бројот на загинати или повредени може да биде поголем поради тоа што не можеме да пријдеме до уште еден дел каде има последици од експлозијата-изјави тој.

Минатата година Пемекс загубила околу 3,1 милијарда долари поради кражби на нафта од криминални групи и корумпирани службеници.