Мексиканска гувернерка и нејзиниот сопруг сенатор загинале во понеделникот кога нивниот хеликоптер се срушил во близина на градот Пуебла во централниот дел на Мексико, соопшти владата, само неколку дена откако ја презела функцијата по жесток натпревар на изборите.
Марта Ерика Алонсо, висока претставничка на опозицијата и гувернерка на државата Пуебла, почина со Рафаел Морено, сенатор и поранешен гувернер на Пуебла, кога нивниот хеликоптер Агуста во понеделникот попладне кратко по полетувањето се сруши, соопшти владата.
Министерот за безбедност, Алфонсо Дуразо рече дека -хеликоптерот во приватна сопственост одел кон Мексико Сити и се срушил откако се соочил со неодреден дефект во градот Санта Марија Коронанго, околу три наутички милји од аеродромот Пуебла-
-Во овој момент, нема докази што би можеле да не доведат до заклучок дека причината не била поврзана со тоа како функционирал (хеликоптерот)-изјави Дуразо на прес-конференцијата, пренесе Ројтерс.
Покрај политичарите во хеликоптерот биле и капетанот Роберто Копе и првиот офицер Марко Антонио Тавера, а се претпоставува дека имало и петти патник, рече Дуразо, без да даде повеќе детали.
Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрарадор на Твитер изјави дека владата ќе ја испита несреќата. Дуразо рече дека –властите контактирале со производителите на хеликоптерот и моторот, кои во вторник ќе испитуваат на местото на настанот-
-Ќе делуваме со целосна транспарентност-рече тој.