Свет 23. јануари 2021. / 15:20

(ВИДЕО) Сопругата на Навални уапсена на денешните протести во Москва

(ВИДЕО) Сопругата на Навални уапсена на денешните протести во Москва

Јулија Навални, сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави дека е уапсена на антивладиниот протест во Москва, кој се одржа на повик од нејзиниот сопруг.

– Извинете за лошиот квалитет. Многу е слаба светлината во полициското комбе, напиша таа на Инстаграм покрај фотографија, откако неколку илјади приврзаници на Навални се приклучија на националните протести против Кремљ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yulia_navalnaya

Неколку лица се повредени во судири за време на собирот на плошадот „Пушкин“ во Москва, во кој учествуваат најмалку 4.000 приврзаници на Навални, објави РИА Новости.