Шпанија доживува климатски шок предизвикан од бурата Филомена.
Откажани летови, колапс на автопат, прекинат јавниот превоз. Тоа е историска снежна бура, каква што главниот град Мадрид не ја забележал во последните педесет години и ја парализираше земјата.
Државната метеоролошка агенција соопшти дека ова е најголем снежен нанос во Шпанија од 1971 година, а во Мадрид наврнал од 25 до 50 сантиметри снег, најмногу уште од 1963 година.
Граѓаните скијаат по Гран Вија, една од најфреквентните улици во шпанската престолнина. Други жители ја искористија бурата за мала обиколка со сноуборд и за гаѓање со снежни топки.
Жителите на Шпанија ја дочекаа снежната бура целосно неподготвени. Армијата им помогна и на заробените автомобили на автопатот. Шпанците немаат соодветна обувка за снег, а ретко кој има лопата. Најмногу беше погоден главниот град Мадрид.