Свет 19. ноември 2019. / 12:43

(ВИДЕО) Следејќи Албанци кои краделе цигари, полицијата во Шпанија откри плантажи со марихуана

(ВИДЕО) Следејќи Албанци кои краделе цигари, полицијата во Шпанија откри плантажи со марихуана

Шест лица се уапсени и запленети се 16.000 стебла марихуана со вкупна тежина од 3,5 тони за време на рација на шпанската полиција во североисточниот регион Арагон, пишува Макфакс.

Две големи плантажи со марихуана биле откриени откако полицијата неколку месеци следела група албански државјани кои краделе цигари од автомати поставени во кафулињата и на бензиски станици во овој регион, пишива британски „Гардијан“.

Како што пренесоа локалните медиуми, до двете плантажи се стигнувало само пеш преку тешко прооден пат.