Свет 19. август 2019. / 12:38

(ВИДЕО) Скандал ја тресе Британија: Принцот Ендрју ја посетувал вилата на Џефри Епстајн

(ВИДЕО) Скандал ја тресе Британија: Принцот Ендрју ја посетувал вилата на Џефри Епстајн

Кратката матна снимка на војводата од Јорк, на која се гледа млада жена како мавта од вилата на милијардерот Џефри Епстајн во Њујорк, предизвика внимание во јавноста, а Бакингамската палата ќе мора некако да ја исправи штетата.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип, се појави на снимка што ја објави „Мејл“ во неделата. Снимката го прикажува принцот Ендрју како мавта на црнокоса жена на прагот од вилата на Епштајн во Њујорк.

Епштајн беше обвинет за подведување малолетнички, а неодамна изврши самоубиство во затвор.