Свет 11. август 2020. / 16:34

(ВИДЕО) Силна експлозија како во Бејрут ја потресе Русија

(ВИДЕО) Силна експлозија како во Бејрут ја потресе Русија

Најмалку 12 лица се повредени во експлозија на бензинска пумпа во Рускиот град Волгоград.

Видеото што го снимил очевидец покажува експлозија како „атомска печурка“ на пламен откако екплодирал резервоар полн со гориво.

Пожарот бил пријавен во 12:40 часот по локално време, информира Министерството за вонредни ситуации.

Едно од повредените лица е припадник на Министерството а вонредни ситуации.

Властите ја истражуваат причината за експлозијата.