Силни ветрови и снежните врнежи рано утрово доведоа до несреќи во јужна и југозападна Германија, во кои една жена загина во автомобил, а осум патници во автобус од Хрватска се повредени.
Жената настрада во несреќа на патот Рајна-Платинат, пренесе АП повикувајќи се на германските меиуми. Во меѓувреме силен ветер преврте автобус од Хрватска во Томердинген во Баден-Виртемберг , при што повредени се осум лица, од кои двајца се здобија со тершки телесни повреди.
Неколку железнички линии беа прекинати или поради претпазливост или поради скршени дрвја.
Германските метеоролошки служби превидуваат подобрување на времето во текот на викендот.