Пациенти чекаат и по 30 часа некој да прегледа, други лежат на кревети во ходниците и сите кашлаат. Видео снимката потекнува од болницата во Леганес, предградие јужно од Мадрид.
-Одделот за итни случаи е толку преполн што треба да ги пренесеме пациентите во воените болници, рече болничар за „Ел Мундо“.
Ништо не е подобро во блиската болница „12 Октомври“.
-Потребна ни е помош, ова не е хумано за луѓето. Се прашувам дали владата дури и знае што воопшто се случува во болниците. Ние сме во ситуација кога нашите потреби се далеку поголеми од нашите ресурси, вели докторот.
Официјалните бројки ги потврдуваат проценките на докторите. Шпанија секојдневно регистрира се повеќе заразени и мртви од корона вирусот. Досега заразени се 35.136, а 2311 умреле, пренесува „Worldometers“. а најсилно погоден е регионот во Мадрид.
-Шпанија влегува во најтемната фаза од кризата со вирусот корона, изјави министерот за здравство Ел Салвадор Илјаја за „Ел Паис“ во саботата, додавајќи дека им престојат најлошите денови.
Шпанските експерти предупредуваат на опасност од целосен колапс на здравствениот систем. Отворено писмо од 69 реномирани епидемиолози, молекуларни биолози и научници од други полиња објавија во саботата дека „тоталната“ изолација на луѓето е „неизбежна“ и бараат поголемо ограничување на движењето.