Свет 25. јуни 2019. / 11:13

(ВИДЕО) Шефот на италијанската мафија побегна од затворот во Уругвај

(ВИДЕО) Шефот на италијанската мафија побегна од затворот во Уругвај

Еден од најстарите членови на италијанска Ендрагета, Роко Морабито, избега од затворот во Уругвај каде ја чекаше екстрадицијата во Италија, објави уругвајската полиција.

52-годишниот Морабито избега од затворот ИНР во центарот на Монтевидео со уште тројца затвореници, изјави министерот за внатрешни работи на Уругвај.

Четворицата мажи избегале околу полноќ. Се качиле на покривот на затворот па провалиле во соседната зграда каде украле пари, се наведува во соопштението.

Во времето на неговото апсење во Уругвај во септември 2017, Морабита тогашниот италијански министер за внатрешни работи Марко Минити го опиша како „главниот бегалец“ од Ендрагета.

Тој дејствуваше од 1994 година и е осуден на 30 години затвор во отсуство поради припадност на мафијашка организација, продавање кокаин и други сериозно злосторства.

Успешното бегство на Морабито од затвор е „вознемирувачко и сериозно“, се наведува во изјавата на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Салвини кажа дека „ќе побара објаснување од владата во Монтевидео“ и вети дека ќе го улови мафијашот „каде и да е и ќе го фрли во затвор, каде што заслужува да биде“.

Ендрагета е една од најпопуларните организирани криминални групи во светот и водечки шверцер на кокаин во Европа. Таа е формирана во регионот Калабрија на југот на Италија.

Морабито досега не бил екстрадиран во Италија бидејќи, според уругвајскиот весник Ел Паис, се жалел на пресудата на врховниот суд.