Свет 18. April 2019. / 11:53

(ВИДЕО) Се запали мотор на авион, патниците скокале на крилото од вратата

(ВИДЕО) Се запали мотор на авион, патниците скокале на крилото од вратата

Пожар на еден од млазните мотори на авион „боинг 737“ непосредно пред полетувањето од аеродромот во Москва ги вознемирил патниците кои во паника почнале да скокаат на крилото од вратата за итни случаи. Боингот бил сопственост на компанијата „Јутер“, а требало да лета кон престолнината на Дагестан, Махачкала.

Од компанијата набрзо излегле со соопштение дека и покрај пожарот патниците не биле загрозени и оти сите биле префрлени во друг авион со кој полетале кон својата дестинација. Моментот на избивањето на пожарот е снимен со мобилен телефон.