Свет 08. јануари 2020. / 10:03

(ВИДЕО) Се урна авион во Иран – загинати 176 патници

(ВИДЕО) Се урна авион во Иран – загинати 176 патници

Во близина на аеродромот во Техеран се урна украински авион и притоа загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Според изјава на шефот на иранските спасувачки сили, Боингот 737 на авиокомпанијата „Украина Интернационал“ се запалил непосредно по полетувањето од Техеран.

Според актуелните претпоставки на надлежните на меѓународниот аеродром во Техеран, причина за падот на авионот се технички проблеми.

Производителот на авионот Боинг на Твитер соопшти дека се собираат информации за несреќата.