Откако гласаа во корист на кандидатот за Врховен суд Брет Кавано, канцелариите на сенаторите се опколени од група екстремни левичари кои се познати по нивните насилни демонстрации уште од изборот на Трамп. Оваа постапка тие ја оправдуваат како последен обид за пресврт во гласањето.
Сенаторот на Аризона, републиканецот Флејк, се колебаше за Кавано, но денеска гласаше за него, со што помогна номинацијата на Кавано да помине со 51-49 и да продолжи во Сенатот утре.
Веднаш по гласањето демонстрантите влегоа кај канцеларијата на Флејк, го блокираа надворешниот ходник и извикуваа „системот е корумпиран – затоа ние нарушуваме!“). Полицијата на Капитол, наводно, уапсила голем број демонстранти.
Hundreds flood office of @JeffFlake after he votes for Kavanaugh on cloture; “the system is corrupt—and that’s why we disrupt!!!!”
Dozens being arrested right now. pic.twitter.com/2jaV2YKen4
— Michael Kink (@mkink) October 5, 2018
Со гласањето официјално завршува разгледувањето на номинацијата на Кавано, но демонстрантите не се откажаа од своите напори да го свртат гласањето. Флејк ова го доживеа од прва рака минатата недела, кога беше начекан во лифт и нападнат од демонстрантите.