Оваа случка ни доаѓа од Санкт Петербург каде човек падна во еден од градските канали и пропадна во мразот.
Санкт Петербург не бадилаја го викаат „Венеција на Северот“ или пак „Руска Венеција“. Има многу канали низ градот од кои најголемиот дел преку зима се замрзнати. Во еден таков падна човек кој беше спасен од полицаец.