Најновиот ровер на американската вселенска агенција НАСА, „Персевиренс“, вчера (18 февруари) успешно слета на Марс. Набрзо по слетувањето ја испрати првата фотографија од површината на Црвената Планета.
Hello, world. My first look at my forever home. #CountdownToMars pic.twitter.com/dkM9jE9I6X
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) February 18, 2021
Фотографијата била направена со камерите на роверот кои му помагаат во возењето, а на нив сè уште стои заштитната обвивка. Првите фотографии што ги испраќа роверот ќе бидат со ниска резолуција, а подоцна ќе се испраќаат фотографии со висока резолуција.
Во продолжение е видеото од преносот во живо од слетувањето на роверот на Марс.
Извор: Факултети.мк