Свет 08. јануари 2021. / 23:11

(ВИДЕО) Рекордна заплена на над 827.000 таблети екстази: Уапсени се 11 лица

(ВИДЕО) Рекордна заплена на над 827.000 таблети екстази: Уапсени се 11 лица

Шпанската полиција заплени рекордни 827.000 таблети екстази и уапси 11 лица.

Акцијата овозможи разбивање на „главната меѓународна криминална организација што стои зад развојот и дистрибуцијата на повеќето синтетички дроги што се користат во Шпанија“, се вели во заедничкото соопштение на Цивилната гарда и националната полиција.

Уапсени се единаесет лица, меѓу кои и првиот човек на мрежата, холандски државјанин, од нив осуммина се во притвор.

Покрај екстази, запленети се и други видови синтетички дроги како што се спид или кристали, како и 400 килограми хашиш и марихуана што мрежата ги продавала во Холандија за да финансира купување на неопходни супстанции за производство на синтетички дроги.

Седиштето на организацијата, чии членови се од Холандија, Шпанија, Романија, Колумбија и Италија, се наоѓаше во Барселона, а произведуваше дрога во Малага и на Ибица.

Шпанија се смета за една од главните точки за влез на дрога во Европа и најчесто кокаин или канабис.