Свет 16. ноември 2020. / 12:00

(ВИДЕО) Радикалната левица во Вашингтон напаѓа поддржувачи на претседателот Трамп

(ВИДЕО) Радикалната левица во Вашингтон напаѓа поддржувачи на претседателот Трамп

Неколку стотици илјади, а според некои проценки и до еден милион, поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп излегоа на огромен собир во главниот град Вашингтон во знак на протест против „украдените избори од страна на Демократската партија“.

Додека Трамп и неговите адвокати се уште се борат за да извојуваат правна победа на изборите, односно да го обелоденат огромниот скандал на државно ниво за кој тие веќе подолго време говорат. Тие велат дека постојат доволно докази за изборна измама кои многу лесно би можеле да „паднат“ пред Врховниот суд и дека држави како Пенсилванија, Џорџија, Мичиген и Висконсин лесно би можеле да се претворат од „сино во црвено“.

Додека адвокатскиот тим предводен од Руди Џулијани деноноќно работи на тој случај, приврзаниците и поддржувачите на Доналд Трамп се собраа во главниот град со цел да дадат поддршка за борбата на претседателот и републиканците, како и да упатат порака до „медиумите кои шират лажни вести за победата на Бајден“ дека битката е далеку од готова.

Сепак, по завршувањето на мирниот марш, многу од поддржувачите на Трамп беа нападнати од страна на радикалните левичари и демократи, како и од страна на организацијата која Трамп ја означи како терористичка група – Антифа.

Во прилог, погледнете ги снимките за насилството кое му следеше на маршот за поддршка на моменталниот претседател, кои брзо се раширија по социјалните мрежи: