Свет 31. јули 2019. / 21:45

(ВИДЕО) Pуската армија испратена да помогне во гаснењето на пожарите во Сибир

(ВИДЕО) Pуската армија испратена да помогне во гаснењето на пожарите во Сибир

Руската армија ќе помага во борбата против шумските пожари кои горат ширум Сибир и во кои досега изгореа неколку милиони хектари земјиште.

Русија вчера во четири региони прогласи вонредна состојба поради пожарите. Мерките се однесуваат на целата територија на регионите Иркутск и Краснодар, два реони на Бурјатија и еден во Јакутија.

Од пожарите вкупно се зафатени 2,7 милиони хектари.

Рускиот претседател Владимир Путин по средбата со министерот за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев му наложи на Министерството за одбрана да се приклучи во борбата против пожарите.