Во пукање кое денеска се случило во центарот на словачката престолнина Братислава, ранет е маж, а полицијата спроведува истрага, јавува ТАСР.
Се наведува дека на терен има и Итна помош и полиција.
-Маж е застрелан, случајот е под истрага – рекла портпаролката на словачката агенција на регионалната полиција, Вероника Сламкова.
Локалните медиуми пишуваат дека човекот бил вооружен.
LIVE: shooting #Obchodna street #bratislava pic.twitter.com/WT9Lx48GWV
— Local Scene Insider (@OKreport2) May 31, 2019