Свет 09. јануари 2020. / 23:43

(ВИДЕО) Протече снимка на која се гледа како украинскиот авион е погоден од ракета

(ВИДЕО) Протече снимка на која се гледа како украинскиот авион е погоден од ракета

Американски „Њујорк тајмс“ објави видео снимка во која се гледа моментот кога украинскиот авион е погоден во близина на аеродромот во Техеран.

На снимката се гледа мала експлозија и авион, кој потоа продолжува да лета следните неколку минути вртејќи го правецот кон аеродромот.

Западните медиуми пишуваат, повикувајќи се на американски и ирачки официјални лица и разузнавачи, дека иранска противвоздушна ракета, истрелана најверојатно по грешка, го срушила авионот, усмртувајќи ги сите 176 патници и членови на екипажот.

Слични тврдења изнесе и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Украинскиот авион, кој се сруши во средата утрото недалеку од Техеран бил погоден од ракета од руско производство „тор-М1“ објави претходно американскиот неделник „Њузвик“, повикувајќи се на неименувани официјални лица од Пентагон, како и американски и ирачки разузнавачки служби.