Најмалку 10 лица загинаа синоќа во пожар што зафати болница на северот на Романија каде се сместени пациенти кои се лекуваат од Ковид-19, соопштија локалните власти. Сите биле на респираторни машини.
Портпарол на службата за итни случаи во регионот каде избувна пожарот изјави дека пожарот проголтал две простории во кои имало 16 пациенти пред да се изгасне.
Според неа, се верува дека сите жртви „биле заразени со коронавирус“.
Службата за итни случаи на северниот романски регион Неамт објави дека пожарот избувнал на одделот за интензивна нега. Пожарот зафатил две простории во болницата каде се лекуваат 19 пациенти со Ковид-19.
Пожарот е изгаснат и засега не е познато што го предизвикало.