Голем пожар изби во фабриката за балистички ракети и вселенска опрема „Красмаш“ во рускиот град Краснојарск.
Пожарот зафатил површина од 5.000 метри квадратни во комплексот, а како што соопшти Министерството за вонредни сосстојби, се урнал покривот на една зграда.
Локалните медиуми пренесуваат дека огнот го гаснат околу 100 пожарникари и дека е прогласена тревога од највисока, четврта, категорија.
Во пожарот нема жртви.
Красноярск завод Красмаш
На месте 9 пожарных машин. Данных о причинах возгорания и пострадавших пока нет. pic.twitter.com/RaIOm2hSqo— Чипполино (@Beria911) April 26, 2019