Свет 27. февруари 2021. / 10:09

(ВИДЕО) Повеќе од 400 затвореници избегаа од затвор во Хаити

(ВИДЕО) Повеќе од 400 затвореници избегаа од затвор во Хаити

Повеќе од 400 осуденици избегаа од затвор на Хаити, недалеку од главниот град Порт-о-Пренс.

Во денешниот извештај на локалните власти се вели дека 25 лица загинале пред два дена при масовното бегство од затворот Круа ле Буке, меѓу нив и директорот на таа институција и случајни минувачи кои биле во центарот на инцидентот, пренесува БиБиСи.

Меѓу убиените е и моќниот шеф на подземјето, Арнел Жозеф, кој настрада кога се појавил на мотор на контролен пункт, неколку часа по бегството.