Крузерот ,,МСЦ опера” предизвика паника во Венеција, удирајќи во мал туристички брод кој бил закотвен на пристаништето во терминалот Сан Василиј. Четворица туристи се повредени на возраст од 67 и 72 години.
Една од нив е Американката Лин Балзер, која била пуштена од болница со модринки на телото.
-Го видовме крузерот каде се приближува кон пристаништето. Одеше директно на нас. Мислевме дека ќе сврти, но тоа не се случи. Тогаш екипажот почна да вика да бегаме и да се симнеме од бродот. Слушнавме сирени. Сите вриштевме, вели Лин.
Повредена е и една жена од Нов Зеланд, додека останатите две повредени жени се од Австралија. Една 67- годишна жена има сериозни повреди, додека другите две се полесно повредени.
Капетанијата објави дека причината за судирот меѓу двата брода е проблем со моторот и откажување на командата, додека реморкерите го влечеле низ каналот.
На аматерска видео снимка објавена на Твитер може да се види како туристите во паника бегаат по пристаништето, а некои во моментот на драматичниот удар паѓаат во морето. Во позадина се слушаат сирените на крузерот.
#BREAKING: Tourists flee as cruise liner smashes into dock in Venice pic.twitter.com/DSIjHckYxk
— Russian Market (@russian_market) June 2, 2019