Свет 08. февруари 2020. / 22:21

(ВИДЕО) Полицијата не може да го лоцира напаѓачот во трговскиот центар во Тајланд

(ВИДЕО) Полицијата не може да го лоцира напаѓачот во трговскиот центар во Тајланд

Тајландската полиција и армиските специјални сили го лоцирале војникот кој уби повеќе од 20 лица во трговскиот центар. Сепак, откако отворија оган, вооружениот напаѓач успеа да избега.

Во меѓувреме, сите посетители беа евакуирани од трговскиот центар.

Најмалку 20 лица загинаа, а 31 се повредени, од кои 10 се во критична состојба, соопшти портпаролот на полицијата.

Војникот Џакрапант Тома го уби својот командант и уште две лица и украл оружје од воениот камп, изјави портпаролот на Министерството за одбрана за Би-Би-Си.

 

Локалните медиуми објавија снимка од војникот како излегува од автомобил пред трговскиот центар и пука, додека луѓето бегаат.

АП известува дека мотивот за нападот бил спор околу земјиште.