Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден на американските претседателски избори, ден откако толпата поддржувачи на Доналд Трамп упадна во зградата во Капитол, со цел да ја спречи сесијата.
Бајден и Харис завршија со 306 изборни гласови, додека Трамп и Пенс имаа 232. Потребни се 270 изборни гласови за да се добие претседателската функција.
Потпретседателот Мајк Пенс ги заврши своите должности и го прогласи Бајден за победник нешто по 3:40 часот наутро, по локално време.