Свет 11. јануари 2020. / 17:45

(ВИДЕО) Педофил бил жив запален од граѓани во Мексико

(ВИДЕО) Педофил бил жив запален од граѓани во Мексико

Човек обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чијапас.

Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција, полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.

Обвинителството предупреди дека нема да дозволи граѓаните да ја земаат правдата во свои раце и ќе покрене истрага за линчувањето.