Свет 11. ноември 2019. / 10:27

(ВИДЕО) Откако си поднесе оставка, демолирана претседателската вила на Моралес

(ВИДЕО) Откако си поднесе оставка, демолирана претседателската вила на Моралес

Демонстранти упаднаа во претседателската палата на долгогодишниот претседател на Боливија, Ево Моралес. Ограбено е тоа што е вредно, поросториите демолирани, а за тоа сведочат видео снимките од љубопитните демонстранти кои со мобилните телефони ја „ловеа“ сцената.

Сето ова се случи откако синоќа претседателот на Боливија, Ево Моралес, соопшти дека поднесува оставка, со цел да обезбеди мир во земјата. Тој повика на итни разговори со опозицијата поради немирите во земјата кои избија по неговиот спорен реизбор на 20 октомври.

Денеска и потпретседателот на Боливија, Алваро Гарсија Линера, поднесе оставка, пренесуваат светските агенции.

Актуелната ситуација во Боливија Моралес ја нарече државен удар.

-Браќа и сестри, сакам да ви кажам дека со ова нашата борба не завршува, ќе продолжиме да се бориме за еднаквост и мир. Сега моја должност, како претседател, е да најдам начин да ја смирам ситуацијата, рече Моралес.

Претходно командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијам Калиман, изјави дека војската му сугерирала на претседателот Моралес да поднесе оставка, за да помогне да се обезбеди стабилност во државата, а тоа го побарале и опозицијата и синдикатите.