Свет 04. август 2020. / 19:05

(ВИДЕО) Огромни експлозии во Бејрут, се треселе згради оддалечени неколку километри

(ВИДЕО) Огромни експлозии во Бејрут, се треселе згради оддалечени неколку километри

Неколку експлозии одекнале во Бејрут, а на социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа страшниот момент.

Експлозиите се случиле во пристанишниот дел на градот, во кој се наоѓаат многу згради и други објекти. На видеата можат да се слушнат врисоци на луѓе, а локалните медиуми пренесуваат дека има повредени и лица кои останале заробени под урнатините.