Свет 07. декември 2018. / 18:08

Видео од брутално апсење студенти во Франција предизвика тревога

Видео од брутално апсење студенти во Франција предизвика тревога

на интернет се појави видео снимка од брутално апсење на студенти, кои протестираа во Париз и предизвика тревога и бес пред новите протести најавени за викендот.

На снимката, направена во вторникот во местото Мант ла Жоли, се гледаат студенти, клекнати на колена и со раце ставени на глава, опколени од полицајци со полна опрема, чии лица не се гледаат од ски маските, кои ги носат како дел од опремата.

Во една од снимките, се слуша полицаец кој вели: „Еве клас кој примерно се однесува“.