Иранската државна агенција „Тасним“ објави видео снимка на британскиот танкер “Стена Имперо”.
На видеото може да се види брод закотвен на отворено море.
Во петокот танкерот кој пловеше под знамето на Обединетото Кралство во Орумскиот теснец беше заробен од страна на Корпусот на чувари на Исламската револуција во Иран, откако наводно ги прекршил меѓународните правила.
Обединетото Кралство го осуди овој потег, нарекувајќи го „неприфатливо“.
Нападот се случи во услови на британско-ирански тензии што ескалираа откако Обединетото Кралство го презеде иранскиот супертанкер во близина на Гибралтар.