Свет 06. ноември 2020. / 20:56

(ВИДЕО) Нуклеарна централа во Белорусија почна со работа

(ВИДЕО) Нуклеарна централа во Белорусија почна со работа

Првата нуклеарна централа во Белорусија започна со работа на 3 ноември и предизвика вознемиреност во соседна Литванија, која веднаш го прекина увозот на електрична енергија од Белорусија.

Нуклеарната централа Астравиетс е изградена од Русите на 40 километри од главниот град на Литванија, Вилнус и е поврзана со електричната мрежа од Белорусија.

Литванските власти долго време се спротивставуваа на изградбата на нуклеарната централа, велејќи дека проектот е полн со инциденти, се крадел материјал, а работниците биле малтретирани. Росатом, руската државна нуклеарна корпорација која ја градеше централата, ги отфрли тврдењата од Литванија, велејќи дека изградбата на нуклеарната централа одговара на највисоките меѓународни стандарди, што ги потврди и надзорниот орган на Обединетите нации.

Изградбата на електраната беше одложена кога се случи несреќа во јули 2016 година, бидејќи дел од реакторот се лизна по земја, по што работниците неуспешно се обидоа да го наместат. Росатом го замени реакторот на инсистирање на белоруските власти, иако челниците на таа руска компанија тврдеа дека нема штета.

Граѓаните на Белорусија претрпеа сериозни последици како резултат на катастрофата во Чернобил во 1986 година. Во претходните недели, литванските власти и поделија таблети со јод на жителите кои живеат на границата со Белорусија, бидејќи таа супстанца може да го намали таложењето на радијација во тироидната жлезда во случај на истекување на радиоактивен материјал од белоруската нуклеарка.