Свет 04. август 2019. / 10:33

(ВИДЕО) Ново пукање во САД: Загинаа најмалку 10 лица во Дејтон

(ВИДЕО) Ново пукање во САД: Загинаа најмалку 10 лица во Дејтон

Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент во кој загинаа најмалку 10 луѓе.

Известувањата доаѓаат помалку од 24 часа по пукањето во Ел Пасо во кое загинаа 20 лица.

Пукањето е пријавено на подрачјето на „East 5th Street“ во округот Орегон во Дејтон.

Прелиминарните извештаи велат дека напаѓачот е неутрализиран од страна на полицијата, и е во притвор или е мртов.

Снимките наводно направени на местото на настанот покажуваат силно присуство на полицијата.

Според американските медиуми се уште не е познат бројот на повредените лица.

Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт“.