Свет 23. октомври 2019. / 21:24

(ВИДЕО) Незапаметени поплави во Шпанија: Еден загинат, четири исчезнати меѓу нив мајка и син

(ВИДЕО) Незапаметени поплави во Шпанија: Еден загинат, четири исчезнати меѓу нив мајка и син

Поплавите кои ја зафатија Шпанија проследени со огромни количини дожд за кратко време однесоа еден живот.

Како што пренесуваат медиумите, на североистокот на земјата пронајдено е тело на маж на плажата Аренјес де Мар неколку часа откако е пријавен за исчезнат.

Во незапаметените поплави за исчезнати се вода уште четири лица. Меѓу нив се жена и нејзиниот син кои престојувале во монтажна куќа во Вилаверду, место недалеку од Барселона.


Поплавите, како што пренесува БиБиСи, уништиле згради и оставиле 24 илјади домови без струја. Пожарникарите интервенирале две илјади пати, а евакуирале 42 лица од срушените згради.

Ова е втора кобна поплава во Шпанија за еден месец. Поплавата во септември го одзеде животот на брат и сестра, возрасни 61 и 51 година, кои беа пронајдени мртви во превртен автомобил кој го однела водата.