Свет 26. јули 2020. / 18:10

(ВИДЕО) Неверојатна сцена: Киднапиран маж паднал од багажникот на автомобил среде автопат

(ВИДЕО) Неверојатна сцена: Киднапиран маж паднал од багажникот на автомобил среде автопат

Надзорни камери снимија неверојатна сцена на улиците на Москва – маж паѓа од гепекот од автомобил во движење и го запира сообраќајот на еден од поголемите автопати во руската престолнина.

Видеото го објави телевизијата РЕН, а потоа беше разјаснето за што станува збор.

Непознати мажи киднапирале двајца мажи во петокот и прво им побарале 60.000 рубли (837 долари) за да изнајмат автомобил, а потоа ги претепале и ги затвориле во багажникот.

Додека возеле, киднапираните мажи успеале да го отворат багажникот и едниот од нив паднал на патот и изгубил свест.

Киднаперите побегнале во непознат правец, а несреќниот маж завршил во болница со бројни повреди.