Свет 20. ноември 2020. / 17:33

(ВИДЕО) Нереди во Кампала по апсењето на лидерот на опозицијата – над 37 мртви

(ВИДЕО) Нереди во Кампала по апсењето на лидерот на опозицијата – над 37 мртви

Најмалку 37 лица загинаа за време на протестите во Уганда по апсењето на опозицискиот политичар и музичар Боби Вејн, соопшти денеска полицијата.

Во Кампала, градот во кој ситуацијата се уште е многу тензична, уапсени се околу 350 лица.

Опозиционерот Вејн е обвинет дека не ги почитувал мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Во претходните години тој повеќе пати бил апсен, а во своето политичко делување постојано повикува на смена на актуелниот претседател Јовери Мусевени, кој е на власт цели 36 години.

Изборите во Уганда се закажани за почетокот на 2021 година.

Медиумите од Уганда објавија снимки од нередите на кои може да се види дека ситуацијата се повеќе ескалира и работите се излезени од контрола.