Свет 29. април 2020. / 15:56

(ВИДЕО) Најмалку 38 загинати во пожар во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 38 загинати во пожар во Јужна Кореја

Во пожар на градилиште во Јужна Кореја загинале најмалку 38, а повредени се десетина луѓе.

Како што објави државната новинска агенција „Јонхап“, сите жртви се работници кои граделе магацин во градот Ичеон, кој се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Сеул.

Претставник на локалната пожарникарска служба истакна дека се уште не е утврден точниот број на загинатите и не ги потврди наводите на „Јонхап“.

Според првичните информации, причина за пожарот била експлозија што се случила додека работниците поставувале изолација со запалив материјал во подземниот дел на магацинот.