Свет 13. декември 2019. / 12:47

(ВИДЕО) Еден загинат и 25 повредени при експлозија во зграда во Германија, не се исклучува тероризам

(ВИДЕО) Еден загинат и 25 повредени при експлозија во зграда во Германија, не се исклучува тероризам

Едено лице загина, а околу 25 други луѓе се повредени при експлозија во зграда во германскиот град Бланкенбург, јавија германските медиуми.

Експлозијата се случила во близина се лоцирани градинка и основно училиште. Претставник на градинката соопшти дека околу 100 деца биле преместени во други објекти.

Локалната полиција на Твитер потврди дека до експлозијата дошло утринава во 8.55 часот.

– Не може да се исклучи можноста за други повредени во инцидентот – информира полицискиот портпарол.

На местото на несреќата излегоа бројни полициски тимови, возила на Брза помош и спасувачки тимови. Засега не се познати причините за експлозијата, ниту за сериозноста на повредите на лицата кои биле во зградата.