Најмалку 245 куќи се уништени или оштетени во пожар во чилеанскиот пристанишен град Валпараисо. Властите веруваат дека пожарот е подметнат и отворија истрага.
Неколку населби на градот се евакуирани, а надлежните органи организирале две привремени засолништа за жители на делови од градот погодени од пожарот.
Пожарот, потпомогнат од летните температури на јужната хемисфера и силните ветришта, избувна во шумската област и потоа се прошири во градот во централниот дел на Чиле.
Според Службата за цивилна заштита, пожарот зафатил површина од 140 хектари.
Стариот дел од градот Валпараисо со своите историски градби, стрмни улици и скали се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
a horrible christmas in chile !!!t’s all burning in #Valparaiso now !!! pic.twitter.com/vK3USjjk1z
— isabella joliee (@IssabellaJoliee) December 24, 2019