Свет 21. мај 2020. / 11:45

(ВИДЕО) Најмалку 22 загинати во циклон во Индија и Бангладеш

(ВИДЕО) Најмалку 22 загинати во циклон во Индија и Бангладеш

Најмалку 22 луѓе загинале во силниот циклон „Амфан“ што го погоди брегот на Индија и Бангладеш.

Целиот јужен дел од земјата е погоден. Во шок сме. Ќе ни требаат три до четири дена да ја процениме штетата – изјави Мамата Банерџи, гувернер на источната индиска држава Западен Бенгал.

Банерџи истакна дека државните власти евакуирале околу 500.000 луѓе во засолништа.


Во Бангладеш загинале осум лица, додека во Западен Бенгал во Индија, животот го загубија 12 лица. Пријавени се и два смртни случаја во Бенегалскиот Залив.

Циклонот „Амфан“ се проценува дека има јачина на ураган од трета категорија, чии налети на ветрот достигнале 190 километри на час, откако стигнале до двете држави.