Млада Русинка е осудена на 13 години затвор поради брутално убиство на својата 17-годишна сестра, којашто била манекенка.
Елисавета Дубровина (22) го извршила убиството во 2016 година, кога ја избодела до смрт својата две години помлада сестра Стефанија. Таа ја прободела жртвата дури 189 пати, а притоа и го исекла и увото, поради што таа искрвавила до смрт на лице место.
За време на судењето, како причина за убиството се наведува љубомората поради тоа што Стефанија се бавела со манекенство.
Убиството се случило во Санкт Петербург во станот на момчето на жртвата, 42-годишниот фотограф Алексеј, во моментите кога тој излегол да купи пијалок. Кога се вратил од продавницата го нашол голото и избодено тело на Стефанија.
Сестрата убиец се обидела по злосторството да побегне од станот, но во тоа ја спречиле другарки на Стефанија.
Двете сестри израснале како сирачиња.