Втора вечер по ред имало сериозни инциденти меѓу олицијата и демонстранти во Минеаполис за време на протест поради смртта на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот за време на полициското аспење.
Полицајците, од кои некои биле распоредени на покривите, користеле солзавец, пластични куршуми и гранати за да ги стават под контрола демонстрантите, додека учесниците на протестот кон полицајците фрлале камења, шишиња и други објекти.
Демонстрациите почнале неколку часа откако градоначалникот Џејкоб Фреј го повикал обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој беше снимен на видео на кое се гледа како држи колено на вратот на сега починатиот Флојд врзан со лисици, кој се жали дека не може да дише.
Стотици демонстранти, од кои голем дел биле маскирани, ги исполниле улиците околу полициската станица во средата вечерта, недалеку од местото каде што бил уапсен Флојд, извикувајќи ги последните зборови на починатиот: „Не можам да дишам“.
Minneapolis is on Fire…
Stay safe, everybody #GeorgeFloyd pic.twitter.com/7plsoPV1Pb
— Tony Clements (@TonyClementsTC) May 28, 2020
На телевизиски снимки направена од хеликоптер, се гледа како десетици луѓе ја ограбиле продавницата „Таргет“ и излегувале од неа со облека и колички полни со производи.
Пожар избувнал во неколку компании, меѓу кои и продавница за делови за автомобили.
Медиумите објавија дека мал протест, кој минал мирно, се одржувал и во предградијата, пред куќата на еден од полицајците кои учествувал во апсењето на Флојд.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на Твитер објави дека го повикал Федералното биро за истраги (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.