Свет 29. ноември 2019. / 11:09

(Видео) Меркел се сопна додека се качуваше на бина

(Видео) Меркел се сопна додека се качуваше на бина

Германската канцеларка, Ангела Меркел, се сопна додека излегуваше на говорница и падна, а потоа се пошегува на своја сметка.

Меркел во последно време мораше да седи неколку пати во текот на интонацијата на националните химни заради здравствени проблеми, а во средата навечер, во Берлин, таа имала проблем да се качи на бината.

Кога дојде на говорницата, Меркел рече дека не ги видела скалите.

Не ги видов скалите, ќе се качувам по нив следниот пат – рече Меркел низ смеа.