Свет 01. февруари 2019. / 13:51

(ВИДЕО) Меркел му кажа „ауфвидерзен” на Фејсбук

(ВИДЕО) Меркел му кажа „ауфвидерзен” на Фејсбук

Германската канцеларка Ангела Меркле го избриша својот профил на друштвената мрежа Фејсбук, но не крена раце целосно од интернетот.

-Познато ви е дека повеќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократкстаа унија) и тоа е причина што го затворам својот Фејсбук профил. – објаснила таа на видео-снимката.

Додала дека останува канцеларка, што значи дека граѓаните ќе можат да ја следат и да ѝ испраќаат коментари за нејзината работа на Фејсбук страницата на сојузната влада.

-Или може да ме следите на Инстаграм. – додала.

-Денеска сакам да ви се заблагодарам на големата поддршка која ми ја давате преку Фејсбук. – рекла и додала „фала ви на сите“.